Македонија Во последните 24 часа влегле 2.426 мигранти

Во последните 24 часа влегле 2.426 мигранти

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало на вкупно 2.426 мигранти. Од нив, најголем број се државјани на Сирија, вкупно 995, од Авганистан биле регистрирани 815 мигранти, а 616 се од Ирак.

Од 19 јуни, кога почна издавањето на потврдите, заклучно со ноќеска на полноќ, вакви документи, според податоците на МВР, им се издадени на вкупно 341.920 мигранти, кои транзитирале низ територијата на земјава.