Свет Свет Во поплавите во Кина загинаа и исчезнаа 75 лица

Во поплавите во Кина загинаа и исчезнаа 75 лица

Седумдесет и пет лица загинаа или се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија северниот дел на Кина, соопштија денеска кинеските власти.

Поради поројните дождови, кои траат од понеделникот и кои поплавија неколку региони, вклучувајќи го и Пекинг, евакуирани се десетици илјади лица.

Кинеските власти ја проценуваат штетата од поплавите на стотици милиони долари, а поради невремето мобилизирана е и војската.