Дописници Во поплавените подрачја ќе се врши авионска адултна дезинсекција

Во поплавените подрачја ќе се врши авионска адултна дезинсекција

На 20 август во четврток Центарот за јавно здравје Тетово во координација со Министерството за здравство, ќе изврши авионска адултна дезинсекција против комарци на поплавените подрачја во тетовскиот регион. Авионската дезинсекција ќе се врши од од 5 до 8 часот наутро, во населените места Теново, Брвеница, Озормиште, Сиричино, Туденце, Раотинце и Јегуновце.

И во подрачјето на Општина Тетово од 19 август ден среда се до 22 август, ќе се спроведе трета превентивна дезинсекција против комарци, како општа мерка за заштита од појава на заразни болести. Третирањето ќе се врши во вечерните и раните утрински часови. Ќе се прска од земја со апарат за УЛВ ладно замаглување, поставено на возило со приколка со претходница од друго возило со ротационо светло. Со дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини, населените места и депониите во тоа подрачје

Од Центарот советуваат пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски неприлики, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, за што ќе следи повторно известување.