Свет Во Пакистан 23 лица починале од труење со бонбони

Во Пакистан 23 лица починале од труење со бонбони

Најмалку 23 лица настрадаа, а десетина се хоспитализирани поради триење со слатки во Пакистан, за кои полицијата се сомнева дека содржеле пестициди, потврдија денеска властите.

Умар Хајат, жител на областа Карор во провинцијата Пенџаб, купил слатки на 17 април за да го почести своето семејство и пријателите, поради раѓањето на внук.

Во полицискиот извештај се наведува дека од бонбоните починал таткото на новороденото момче и седум блиски роднини.

Полицијата ги привела сопствениците и вработените во продавницата за производство на слатки.