Македонија Во општина Аеродром ќе се гради нов парк

Во општина Аеродром ќе се гради нов парк

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска одржа прес-конференција на која најави изградба на нов парк.

Градоначалникот Коневски изјави дека Општината планира да гради нов парк спроти „Мајчин дом“. Тој најави и изградба на улици, асфалтирање, изградба на канализации.

Новиот парк спроти „Мајчин дом“ ќе се гради на површина од 2.319 квадратни метри и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и со водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и од цвеќе.