Дописници Во Охрид се гради затворен пазар со јавно-приватно партнерство

Во Охрид се гради затворен пазар со јавно-приватно партнерство

На местото на досегашниот пазар, во строгиот центар на Охрид, се гради современ затворен зелен пазар со јавно-приватно партнерство.

Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, кое беше избрано на тендер и кое го има добиено одобрението за градба.

До конечното завршување на зафатот, предвидено е на неколку локации во градот да бидат отворени и помали маалски пазари.

Во тек се подготвките и чистењето на просторот, додека изградбата на објектот треба да заврши за 18 месеци.

Новиот затворен зелен пазар во Охрид, ќе располага со подземна гаража со 100 места, пазар на површина од околу 1.200 квадратни метри, како и со повеќе дуќани и деловни простории.