Дописници Во Охрид поставени информативни табли за забрането фрлање отпад

Во Охрид поставени информативни табли за забрането фрлање отпад

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад.

Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации, црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше.

Од јавното претпријатије ги потсетуваат граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови за одлагање на отпад.

Потенцираат дека согласно Законот за јавна чистота, казна ќе  му се изрече на секое лице кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина. Притоа апелираат секоја девијантна појава и непочитување на јавната чистота граѓаните да ја пријавуваат на тел.075-495-428.