Галерија Во Охрид -12 степени, крајбрежјето оковано во мраз

Во Охрид -12 степени, крајбрежјето оковано во мраз

Охриѓани утрово се разбудија на температура од -12 Целзиусови степени. И повозрасните не паметат олку студено време.

Одамна зимската темпаратура во нивниот град не била пониска од таа во Битола и во Скопје или во Крушево и во Берово.

Дека во Охрид е навистина многу студено, илустрираа репортерите на „Охрид прес“, кои низ фотографии го овековечија во мраз окованото крајбрежје на Охридско Езеро, во делот на плажите пред елитниот хотелски комплекс „Метропол – Белви“, каде продолжениот новогодишен викенд го минуваат неколку стотини гости од земјата и од странство.