По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

-

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа.

Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1.000 кубни метри градежен шут. Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволен и е во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Општинските власти најавија дека ќе продолжат со рушење на дивоградбите на плажите што се наоѓаат на други локации долж езерото.

„Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбите „Канео“ и „Далјан“, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат градбите, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите“, соопштуваат од општина Охрид.

Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното, ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, во понеделник на 29 јуни годинава, и ќе трае сè до конечно расчистување на крајбрежјето.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...