Свет Европа Во напад на фабрика во Франција еден загина, повеќемина повредени

Во напад на фабрика во Франција еден загина, повеќемина повредени

Во напад во една фабрика во Франција, еден загина, а неколкумина се повредени.

Нападот го извршил напаѓач кој носел знаме со исламистички написи.

Тој влегол во фабриката и поставил неколку помали експлозивни направи, соопштуваат официјални лица.

Напаѓачот потоа бил уапсен и им бил познат на разузнавачките служби.

Нападот доаѓа речиси шест месеци по исламистичките напади во Франција, кои почнаа со нападот на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.