Свет Делови од авионот на „Ер Азија“ пронајдени во море

Делови од авионот на „Ер Азија“ пронајдени во море

Во близина на индонезискиот брег утринава биле забележани црвени и бели остатоци од авионот кој се урнаал во плитки води, јави АФП.

Индонезиските воздухопловни сили ги откриле остатоците во близина на брегот. Меѓу нив имало појаси за спасување, авионски седишта и лизгалка за итна евакуација на авионот.

– Засега можеме да потврдиме дека тоа е авионот на „Ер Азија“ и министерот за сообраќај наскоро ќе оди таму – изјавил директорот на управата за воздушен сообраќај.

Авионот „ербас А320-200“ со 162 патници и членови на екипажот исчезнал при лошо време во неделата попладне, на лет од индонезискиот град Сурабаја кон Сингапур.

Индонезиските медиуми, кои се повикуваат на воени извори, јавуваат дека во близина на западниот брег Калимантан било откриено и тело, но засега нема официјална потврда.

www.youtube.com/watch?v=yHtEts590uI