Свет Европа Во Минхен исполнети капацитетите за прием на бегалци

Во Минхен исполнети капацитетите за прием на бегалци

Вкупно 12.200 бегалци стигнале вчера во Минхен, а утринава околу 700 стигнале на главната станица.

Портпаролот на германската полиција денеска предупреди дека капацитетите во Минхен, главната точка за влегување на бегалците во Германија, се преполни. Возови ги пренесуваат бегалците до други делови од земјата.

Во меѓувреме, приливот на бегалци во Унгарија достигна нов рекорд вчера, кога повеќе од 4.000 луѓе влегоа во земјата од Србија.