Подглавна секција Во Мадрид физички нападната српската амбасадорка Ирена Шарац

Во Мадрид физички нападната српската амбасадорка Ирена Шарац

Според сведочењето на присутните, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, ѝ пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал

Фото: Aмбасада на Србија во Шпанија

Во центарот на Мадрид, вчера млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Сарач, на улицата каде што живее, при што ѝ го повредил грбот. Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ најостро го осуди инцидентот и побара од властите истрага и одговорност за овој, како што рече, безобразен инцидент и чин на насилство.

Според сведочењето на присутните, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, ѝ пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал. Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот.

Нападот бил пријавен во полиција која пристигнала на местото на настанот и извршила увид. Амбасадорот Сарач е во добра состојба, пренесува „Н1“.