Македонија Во Куманово синоќа запалени 11 возила

Во Куманово синоќа запалени 11 возила

Ноќеска околу полноќ, на три локации во Куманово, биле запалени 11 возила.

Градоначалникот, Зоран Дамјановски, изјави дека бил информиран од противпожарната единица дека пет од запалените возила биле на вработени во МВР.

Полицијата околу 1 часот привела осомничено лице и се работи на целосно расчистување и на документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.