Свет Во Куба се урна воен авион, загинаа осум војници

Во Куба се урна воен авион, загинаа осум војници

Кубански воен авион падна во провинцијата Аремиса на западот од Куба, а во несреќата загинаа осум војници, соопшти кубанската влада.

Војската во писмено соопштение наведе дека авионот „ан-26“ од советско производство, полетал од аеродромот „Плаја Баракоа“ во 6.38 часот наутро по локално време и дека се урнал во близина на градот Канделарија, оддалечен 65 километри.

Формирана е специјална комисија што ќе ја истражи несреќата.