Свет Балкан Во Косово уапсени три лица поради поврзаност со ИД

Во Косово уапсени три лица поради поврзаност со ИД

Три лица се уапсени во Косово поради поврзаност со Исламска држава и сомневање дека подготвувале терористички напад на територијата на Србија.

Против осомничените се поднесени кривични пријави поради поврзаност со Исламсака држава и за формирање разгранок на ИД во Косово.

Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и во Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија, која имала 11 членови, претежно од Косово.