Економија Во Кина има четири милиони милионери

Во Кина има четири милиони милионери

Кина минатата година имала четири милиони милионери, што е најголем број во светот по САД и се должи, пред сè, на порастот на акциите на берзите што го поттикнале зајакнувањето на богатството во приватниот сектор, покажува анкетата на американската истражувачка фирма БЦГ.

Од тој број, минатата година се евидентирани еден милион нови милионери, што претставува најголем пораст меѓу сите држави во светот.

Во САД минатата година имало седум милиони милионери, најмногу во светот, додека на трето место, зад Кина, е Јапонија со еден милион милионери.

Според извештајот на „Форбс“, Кина во април имала рекордни 400 милијардери.