Свет Европа Во Киев загинаа тројца украински војници

Во Киев загинаа тројца украински војници

Тројца украински војници загинаа, а шест се ранети во најновиот конфликт помеѓу проруските и владините сили на истокот на Украина, соопшти војската во Киев.

Портпаролот на украинската војска, Олександр Мотузјаник, на новинарите им рекол дека во последните 24 часа убиени биле тројца, а ранети шест војници.

Тој додал дека повторно дошло до ескалација на конфликтот на линијата на фронтот.

Новите инциденти и жртви се случија откако проруските сили убија тројца украински војници оваа недела во минофрлачки напад, соопшти украинската војска.

Повеќе од 9.200 луѓе загинаа, а преку 21.000 се повредени во конфликтот во Источна Украина, кој почна во април 2014 година.