Македонија Во изминатото деноноќие низ Македонија не поминал ниту еден мигрант

Во изминатото деноноќие низ Македонија не поминал ниту еден мигрант

Во изминативе 24 часа не се издадени потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почетокот на годината, пак, до денеска, издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца што го придружуваат носителот на потврдата. Вакви потврди се издадени и на уште 101 дете што патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 17.922, Авганистан – 11.448 и на Ирак – 6.544.