Македонија Во Градски парк се одржа „Авицена женска трка“

Во Градски парк се одржа „Авицена женска трка“

Во Градскиот парк во Скопје претпладнево се одржа петтата „Авицена женска трка“, која е дел од промотивните трки на „Виз ер Скопски маратон 2017“. Оваа трка секоја година добива сè поголема популарност и масовност, а оваа година „Авицена женската трка“ е влезена во календарот на Европската атлетска асоцијација.

На „Авицена женска трка“ учествуваа рекорден број припаднички на женскиот пол, односно беа пријавени повеќе од 1.500. Трката е во должина од 2 километри и медали и дипломи беа доделени за трите најдобри натпреварувачки во повеќе возрасни категории, и тоа за возраст до 12, 14, 18, 30, 40, 50 и над 50 години.

Во генералниот пласман на петтата „Авицена женска трка“ победи Бојана Наумовска.