Хроника Во Гостивар украден накит вреден 25.000 евра

Во Гостивар украден накит вреден 25.000 евра

Непознато лице вчера околу 12 часот ја ограбил куќата на 41–годишниот Е.Р. на улицата Илинденска во Гостивар.

Крадецот од сеф во куќата одзел златен накит во вредност од 25.000 евра.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица од Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.