Свет Европа Во Германија уапсен џихадист од Мароко

Во Германија уапсен џихадист од Мароко

Германската полиција во Штутгарт уапсила Мароканец, за кој се верува дека ѝ припаѓа на џихадистичката организација Исламска држава, соопштија денеска шпанските власти.

Мароканецот, кој живее во Шпанија, бил особено активен на социјалните мрежи и имал улога во регрутирање борци за џихадистичката организација, се наведуива во соопштението на шпанското МВР.

Во соопштението се додава дека германската полиција синоќа го уапсила во Штутгарт откако во јули ја избегнал рацијата во Шпанија.

На почетокот од јули Мароканецот планирал да отпатува за Сирија и да се бори на страна на ИД. Тој ги повикувал сите кои го следат на социјалните мрежи да му се придружат.

Шпанското правосудство издаде европска потерница по џихадистот.