Свет Европа Во Германија почнува судење на поранешен чувар на Аушвиц

Во Германија почнува судење на поранешен чувар на Аушвиц

Судењето на Рајнхолд Ханинг, 94-годишен поранешен чувар во логорот Аушвиц, денеска почна во Дермолд, Западна Германија, а обвинетиот ќе одговара за соучество во смртта на повеќе од стотина илјади лица.

Поранешниот чувар, чија здравствена состојба дозволува само два часа судење дневно, ќе одговара за соучество во смртта на најмалку 170.000 лица во период од јануари 1943 до јуни 1944 година.

Ханинг може да добие од три до 15 години затвор.

Процесот, најверојатно, ќе биде еден од последните судења од овој вид.

Ханинг е еден од четворицата стари поранешни чувари, три мажи и една жена, кои треба да излезат пред судот следните месеци.