Македонија Во еден ден казнети 247 возачи

Во еден ден казнети 247 возачи

Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден (02.07) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи, информираат оттаму.

„Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место“, стои во соопштението од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Во МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.