Хроника Во две тетовски села откриени 15 нелегални странски државјанки

Во две тетовски села откриени 15 нелегални странски државјанки

Во рамки на две полициски акции што изминатва ноќ биле спроведени во два угостителски објекти биле откриени 19 девојки од кои 15 бил странски државјанки.

Во угостителски објект во село Жеровјане полицијата открила 8 државјанки на други земји, а во објект покрај патот за тетовското село Сараќино се откриени 7 странски државјанки.

Во овој објект имало и четири државјанки на Македонија, жителки на Скопје кои по извршените разговори биле пуштени.

Странски државјанки и сопствениците на угостителските објекти приведени се во тетовската полиција. Девојките се предадени за понатамошна постапка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.