Свет Европа Во Донецк ранети двајца новинари

Во Донецк ранети двајца новинари

Двајца новинари се ранети во напад на нивниот автомобил со граната кај донецкиот аеродром, соопшти Министерството за одбрана на самопрогласената народна република Донецка.

Според претставниците на министерството, еден од двајцата новинари е потешко повреден. Руските новински агенции претходно јавија дека и двајцата новинари починале.
Претставници на ОЕБС засега не сакаат да го истражат местото на настанот поради борбените дејства кои сè уште се одвиваат.