Главна секција „Мета“ во Куманово: Диво Насеље е како Бејрут

„Мета“ во Куманово: Диво Насеље е како Бејрут

Денеска во Диво Насеље во Куманово, каде викендов се одвиваше полициска акција, е мирно. Улиците се преполни со луѓе.

Од борбените дејства оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини.

Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе.

Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните протолкувале дека е поради протестите.