Македонија Во ДИК досега се пријавиле 257 спорни гласачи

Во ДИК досега се пријавиле 257 спорни гласачи

Државната изборна комисија соопшти дека денеска до 13 часот се пријавиле вкупно 257 граѓани за кои по извршените вкрстени и теренски проверки се покажало дека има несовпаѓање на податоците во избирачкиот список.

„Од нив 31 лице се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 226 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, велат од ДИК.