Македонија Во ДИК до денеска се пријавиле 3.642 граѓани со спорни записи

Во ДИК до денеска се пријавиле 3.642 граѓани со спорни записи

До денеска напладне вкупно 3.642 граѓани, чии записи во избирачкиот список се спорни, се пријавиле во Државната изборна комисија (ДИК), соопштуваат оттаму.

Од нив, 1.605 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.037 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај, Аеродром и Центар.