Македонија Во ДИК до денеска се пријавиле 2.571 граѓани со спорни записи

Во ДИК до денеска се пријавиле 2.571 граѓани со спорни записи

До денеска напладне вкупно 2.571 граѓани, чии записи во избирачкиот список се спорни, се пријавиле во Државната изборка комисија (ДИК), соопштуваат оттаму.

Од нив, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во доплнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 граѓани за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Сарај, Тетово, Аеродром и Кичево.