Свет Во Британија пронајдени делови од Куранот стари 1.370 години

Во Британија пронајдени делови од Куранот стари 1.370 години

Фрагменти од Куранот, стари најмалку 1.370 години, се пронајдени во универзитетската библиотека во Бирмингем.

„Би-Би-Си“ јави дека станува збор за дел од колекција што од Иран е донесена во Британија во 1920 година, а за која не се сметало дека е антиквитет.

Делови од текстот, кој е испишан на кожа, се напишани во раниот облик на арапскиот јазик, а според анализите, датитраат од периодот меѓу 568 и 645 година.