Свет Балкан Во Белград уапсени петмина за детска порнографија

Во Белград уапсени петмина за детска порнографија

Во Белград се уапсени пет лица осомничени за детска порнографија, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

– Се завршува со претресите кај повеќе лица и досега се уапсени петмина. Жал ми е што тоа постои во нашата земја, но полицијата ќе ја работи својата работа и ќе покаже дека за тоа нема да има милост – рече Стефановиќ.

Тој информираше дека овие лица се уапсени во рамките на акцијата „Армагедон“, која континуирано се спроведува во Србија.

– Тие се здржани во полициска станица затоа што се осомничени за кривични дела поврзани со детска порнографија – вели Стефановиќ.

Според него, полицијата оваа акција ја сработила многу ефикасно и заедно со обвинителството успеала да пронајде материјали на кои се наоѓаат сцени со сексуално злоупотребување деца.