Хроника Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Вчера полицијата регистрирала нов случај на шверц на мигранти, откако при контрола на автомобил открила осум државјани на Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, вчераноќ, околу 1 часот, на автопатот Гевгелија – Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, полициски службеници се обиделе да запрат возило, марка „мазда 323“, кое не застанало. Полицајците веднаш тргнале по него и на околу 500 метри го пронашле возилото, кое возачот претходно го напуштил и побегнал.

При прегледот на возилото, во него биле откриени осум илегални мигранти од Иран.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.