Свет Во авионска несреќа во Сибир загинаа пилот и механичар, патниците преживеаја

Во авионска несреќа во Сибир загинаа пилот и механичар, патниците преживеаја

Во авионска несреќа што се случи во Нижнеангарск, во источен Сибир утрово, загинаа капетанот на авионот „Ан 24“ на регионалната авиокомпанија „Ангара Ерлајнс“ и механичарот, додека седум патници и членови на екипажот биле примени во болница, а 43 се извлечени неповредени или со мали повреди.

Авионот требало да лета за Улан Уде, кој е оддалечен речиси седум часа лет.

Според портпаролот на републиката Бурјатија, еден од моторите откажал веднаш по полетувањето, по што пилотите решиле да се вратат и да слетаат на аеродромот.

Но при слетувањето авионот излизгал од пистата околу 100 метри и удрил во пречистителна станица за канализациски води.