Свет Европа Во Амфиполис пронајдени монети со ликот на Александар Велики

Во Амфиполис пронајдени монети со ликот на Александар Велики

Археолозите пронашле монети со ликот на Александар Велики на локалитетот Амфиполис, пренесува „Сител“. Тимот археолози ги пронашол кованиците во најголемата античка гробница на грчка територија, која датира од 4 век и сè уште не се знае кому му припаѓа. Во гробницата е пронајден скелет за кој низ грчката јавност се шпекулира дека можеби припаѓа на сопругата на Александар – Роксана, или неговата мајка Олимпија, но не е исклучена можноста да припаѓа на некој од неговите најпочитувани генерали. Историчарите сметаат дека е сосема мала веројатноста да се работи токму за гробот на Александар Македонски.