Македонија Во акциска контрола утврдени неправилности во четири отпади

Во акциска контрола утврдени неправилности во четири отпади

Полициски службеници во Битола, Ресен и Прилеп, заедно со инспектори од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерството за животна средина спровеле акциска контрола во фирми кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини

Расфрлан отпад на локацијата Вардариште снимен на 9 јануари 2023 година / Фото Мета.мк

Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, заедно со инспектори од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерството за животна средина спровеле акциска контрола во фирми кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.

Од МВР соопштуваат дека во Битола биле контролирани три отпади, од кои во два биле констатирани неправилности.

Во Ресен била извршена контрола во пет фирми.

„Во еден отпад е констатирано дека за дејноста која ја врши нема регистрирано правно лице, а нема ни дозвола за работа со отпад за што ќе биде поведена соодветна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршиле надзор во два правни субјекта, а во еден од нив е констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.

Од МВР информираат дека по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.