Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Знаејќи дека нема што да објави, Заев самиот коментира и самиот...

ВМРО-ДПМНЕ: Знаејќи дека нема што да објави, Заев самиот коментира и самиот прави воведи

Зоран Заев продолжи со монтирани и креирани снимки да го спроведува своето сценарио, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната прес-конференција на лидерот на опозицискиот СДСМ.

„Притоа, Заев, знаејќи дека нема што да објави, самиот коментира, самиот прави воведи, самиот прави нечесни конструкции и истите тие монтирани снимки ги става во манипулативен контекст. Зоран Заев и СДСМ самите веќе го делегитимираа своето сценарио за креирање нестабилност, лажење на јавноста и насилно преземање на власта. Самиот Зоран Заев призна дека соработувал со странска служба, самиот Зоран Заев призна дека купувал компјутери и автомобили на главниот осомничен, Зоран Верушевски, неговите соучесници самите го признаа делото, самата партија СДСМ призна дека ги монтира и ги сечка разговорите што ги објавува. Ете, затоа никој повеќе, па дури ни членовите на СДСМ, не му веруваат на Зоран Заев и на неговиот гнасен заговор со странската служба. Впрочем, граѓаните јасно на секој изборен циклус кажуваат кому му веруваат. Тие веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, во стотиците проекти што ги остави зад себе, новите 130.000 работни места, новите фабрики, автопати и регионални патишта, новите училишта, градинки и болници, поддршката за земјоделците, зголемените пензии, плати и социјална помош“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.