Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се посрами на денешната прес-конференција

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се посрами на денешната прес-конференција

Генералниот секретар на СДСМ, технички назначен за министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се посрами и бегаше од одговори во стилот на неговиот лидер, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Спасовски.

Партијата вели дека Спасовски не одговорил дали тој е на фотографиите со криминалците, за што разговарале, дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените и зошто барал увид во доказниот материјал.

„Денешната нервозна и конфузна прес-конференција на Оливер Спасовски беше алиби-изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот. Јавноста го виде лицето, стилот и карактерот на СДСМ во оваа афера, во која се живи фатени во криминални дејства и во директни конекции со криминалното подземје. Коалицијата на Чаушот и на Заев, која јавноста ја виде, потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднакви со нив“, стои во реакцијата.