Македонија Карванот на ВМРО-ДПМНЕ почнува утре со народен собир во Битола

Карванот на ВМРО-ДПМНЕ почнува утре со народен собир во Битола

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола, во 13 часот, во спортската сала „Младост“, ќе одржи народен собир, кој ќе биде почеток на караванот на големи собири на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, а продолжение на минатонеделниот собир од Скопје.

На собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат Никола Груевски и уште неколку важни политички личности. Ова е продолжение на минатонеделниот огромен собир во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде имаше неколку десетици илјади граѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.