Македонија ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе блокира раскрсница

ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе блокира раскрсница

Иако во најавата утрово ВМРО-ДПМНЕ кажа дека денеска ќе одржи протест во 18 часот пред Министерството за правда и не најави блокирање раскрсници, како што правеше претходно, партијата се премисли.

Попладнево преку соопштение Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ги извести медиумите дека ќе ја блокира раскрсницата кај Мавровка од 15 часот, при што група пратеници ќе дадат изјави за медиумите.