Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ злоупотребува трагични настани во политичка конотација

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ злоупотребува трагични настани во политичка конотација

Граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ, кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ.

„Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи се на местото каде своите животи ги положија хероите. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, акцијата на безбедносните сили во која гинеа македонските бранители, подбивно ја нарекуваше „играње камај“, а новинарските перјаници на СДСМ подгреваа етничка омраза со лаги и со манупулации за измислени цивилни жртви“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ „во напад на безумна некрофилија“, редовно злоупотребува трагични настани и човечки судбини во политичка конотација.