Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос нема капацитет да работи во интерес за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос нема капацитет да работи во интерес за граѓаните

Деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос секојдневно доживува порази и целосно е прочитана од страна на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Петре Шилегов.

Од владејачката партија велат дека „СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби“.

„Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите. Клеветите на СДСМ дека институциите не функционирале или дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата се навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно работат во кризниот регионот“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека „веќе е очигледно и безброј пати потврдено дека СДСМ/Сорос нема капацитет за конструктивно да работи во интерес за граѓаните“.