Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ намерно предизвикува насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ намерно предизвикува насилство

„СДСМ не реагираше кога неколку новинари и медиуми беа нападнати од нивни или, пак, од активисти на нивни коалициони партнери. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ принципиелно и одговорно ги осуди и ги осудува сите напади и еднакво се однесува кон сите“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Повторуваме дека раководството на СДСМ сноси политичка одговорност за сите овие случаи бидејќи тие се оние што постојано се закануваат со насилство и со пресметки, шират омраза, лаги и конструкции и се партија која го промовираше насилството кога на 5 мај нивни членови и активисти физички повредија 38 полицајци. Токму раководството на СДСМ и нивните финансиери од  Сорос со своето неодговорно и непрофесионално однесување придонесуваат кон вкупната атмосфера во државата. Тие во континуитет лиферуваа лаги, манипулации, измами и шпекулации во јавниот простор и тоа не само против политичари, туку и против стотици други уметници, професори, професионалци во своите области, па дури и обични граѓани. Тие свесно предизвикуваат состојба на омраза и на насилство. Ние и понатаму не сакаме да веруваме дека СДСМ се подготвени да отидат до степен, па овој настан да е дел од таа нивна ниска и гнасна игра. Затоа бараме уште еднаш од институциите да го расчистат целиот случај, а извршителите, без разлика на нивниот мотив, да бидат строго санкционирани“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.