Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува трагедијата во која загинаа 22 лица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува трагедијата во која загинаа 22 лица

„Нема човек кој не смета дека врв на дегутантност се класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади на некрофилија почнува да доминира на Бихаќка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Граѓаните знаат дека членовите и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа на терен, меѓу армијата и волонтерите, помагајќи им на настраданите во поплавените подрачја во страшната природна катастрофа. Но, ниту една лага од нивната некрофилска фабрика за афери нема да го промени фактот дека обиколницата е проектирана во време на СДСМ. Овој проект и сите последици од него, колку и да сакаат некрофилите од СДСМ, не може да го препишат на ВМРО-ДПМНЕ. На Бихаќка тоа добро го знаат и во очајна паника сламката на спасот ја бараат во повторување на една лага по стопати, надевајќи се дека ќе стане вистина. Не станува“, се вели во соопштението на владејачката партија.