Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја укина правната држава и формираше партиски суд

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја укина правната држава и формираше партиски суд

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека со изборот на новите членови на Советот на јавните обвинители, СДСМ извршил укинување на правната држава и формирал правосудство со партиски кадри.

„СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители. Пратениците на СДСМ и коалицијата во собранието за членови на Советот на јавни обвинители избра двајца членови на партиска комисија кои ќе ја оценуваат работата на сите обвинители“, вели партијата.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ силлно се противи и на формирањето на телото за реформи во правосудството, кое е раководено од премиерот Зоран Заев.

„Со тоа се руши дистинкцијата помеѓу судската и извршната власт, со што се руши основниот постулат на демократијата, поделбата на власта. Заев во повеќе наврати призна дека судиите и обвинителите се однесувале полтронски кон него, а тоа го знае и јавноста“, порачува опозициската партија, која повторно споменува бара прекин на кривичнното гонење на луѓето кои се осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.