Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и на Велика сабота го лаже и го манипулира сопствениот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и на Велика сабота го лаже и го манипулира сопствениот народ

СДСМ и на Велика сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и го манипулира сопствениот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното утринско соопштение од СДСМ.

„Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава. СДС е партијата која премолчено ја прифати тиранската платформа со која се разнебитува државата. СДС е партијата која активно работи на реализација на тиранската платформа“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека СДСМ е партијата која е подготвена по секоја цена да се добере до власт, па дури и да реализира насилно сценарио за погазување на волјата на граѓаните, јасно изразена на избори.

„Оваа партија е заложник на своето криминогено раководство кое за да избегне соочување со правдата, покажа дека е подготвено да гази на сè, на својот народ, на националните и државните интереси, на темелите на државата. Правдата за криминалот ќе ги стигне ликовите од раководството на СДС. Народниот суд на следните избори јасно и недвосмислено ќе ја казни антидржавната и деструктивна политика на аболираниот криминалец Зоран Заев и на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.