Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е решен фактурата да си ја плати со распродажба на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е решен фактурата да си ја плати со распродажба на државните интереси

„Ветувањата и обврските на криминалецот Заев и на злосторничкото здружение во врвот на СДС кон нарко-мафијашките структури што им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „долговите што криминалецот Заев ги има заради барањето поткуп и незаконскиот обрт на стотици милиони евра преку фирмите на неговиот клан се негови долгови кон тие што го штитат за криминалот, а не долгови на народот“.

„Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и на злосторничкото здружение околу него, а не на народот. Народот не го интересираат фактурите на Заев. СДС е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси“, се додава во соопштението.