Македонија ВМРО-ДПМНЕ: „Сахара груп“ не оштети никого

ВМРО-ДПМНЕ: „Сахара груп“ не оштети никого

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ

Во случајот со индиската компанија „Сахара груп“, граѓаните не се оштетени од ниту еден аспект и државата постапи одговорно, заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. Како што тврдат од владејачката партија, Владата и премиерот Груевски никогаш не рекле дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира.

– Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира. Прашањето дали таа ќе инвестира или нема да инвестира е тема која зависи од самиот инвеститор, а задача на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е да се бори за секое новоотворено работно место кое значи егзистенција за граѓаните и за многу семејства – се вели во реакцијата. СДСМ нема некаков кредибилитет да дебатира за привлекување инвестиции – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, според владејачката партија, во изминатиот период успеа да привлече десетици големи странски инвестиции и компании како „Џонсон котролс“, „Џонсон Мети“, „Кемет електроникс“, „Кромберт и Шуберт“, „Дрекслемаер“, „Ван хол“, „Амфенол“, „Технохозе“, „Продис“, „Стилкон“, „Гришко“, „Суташ“ и многу други решија да инвестираат и да изградат фабрики од нула.