Главна секција ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите

ВМРО-ДПМНЕ предлага воведување на мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за партија која ќе победи на изборите – изјави денеска во Студеничани премиерот Никола Груевски, додавајќи дека дополнителните пратенички места ќе обезбедат стабилна влада.

Груевски истакна дека мнозинскиот модел е застапен во многу држави и успешно функционира, и тој во Македонија се користи при изборот на градоначалници.

– Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората. Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја бираат за пратеник – изјави Груевски.

Тој додаде вториот предлог, победничката партија да добие плус 17 пратеници ќе овозможи формирање стабилна влада која што ќе работи без можност за уцени од некои помали партии.

– Ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните – рече Груевски.