Главна секција ВМРО-ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим

ВМРО-ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим

Владејачката партија одбивала специјалниот обвинител да формира сопствен тим со кој би работел, објави „Нова“.

Порталот пишува дека најмалку десет обвинители се потребни во тимот на специјалниот обвинител затоа што голема е веројатноста да има потреба од покренување истражни дејства и во странски држави. Настрана тоа, ако тој обвинител е сам, нема да биде возможно никаква работа да заврши без свој тим и ќе биде затворен во канцеларија.

Работата околу изборот на специјалниот обвинител одела тешко од овие причини, а врз власта се врши силен дипломатски притисок и тоа од високи претставници на меѓународната заедница.

Вчера белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, пред почетокот на преговорите меѓу четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, за избор на специјален јавен обвинител, рече дека „една од најголемите политички партии не се придржува до она што е договорено и не почитува никакви крајни рокови, што е неприфатливо во водењето на преговорите и во постигнувањето конечен договор“.